Израел започна со евакуација на Рафах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека започнале со евакуирање на 100.000 жители на Рафах, најјужниот град во Газа, каде повеќе од половина од населението на Газа е сместено, пренесува Гардијан.

Евакуацијата укажува дека контроверзната копнена офанзива во Рафах набргу ќе започне.

Во последните месеци, Израел цврсто стои зад ставот дека офанво Рафах е потребна за да се постигнат стратешките цели на ИДФ во однос на елиминирање на Хамас. Премиерот Бенјамин Нетанјаху дури изјави дека израелската војска би ја извела офанзивата во Рафах би се случила со и без договор за примирје меѓу Израел и Хамас.

Од друга страна, светски лидери и функционери од земји сојузнички на Израел, вклучувајќи ги американскиот претседател Џо Бајден, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот премиер Риши Сунак, гласно се спротивставени на офанзивата. Тие сметаат дека е недоволно јасно како би се заштитиле цивилите кои моментално се во Рафах.

Бегајќи од воздушното бомбардирање на Израел, 1,4 милион Палестинци моментално се во Рафах. Инаку, Рафах вообичаено има население од околу 150.000 жители.

Бегалците во Рафах, многу од кои неколкупати биле раселени во текот на последните шест месеци, живеат во тешки услови – во шатори во пренаселени кампови за бегалци, каде едвај има доволно храна и каде инфраструктурата за вода, хигиена, како и здравствените услуги, се речиси нефункционални.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) ја предупреди израелската војна да не започнат копнена офанзива во Рафах, бидејќи може да доведе само до повеќе смрт и мачење кај цивилното население. Сепак, УНРВА изјави оти ќе остане во Рафах колку што е можно подолго.

Претставник од Хамас изјави дека операцијата е „ескалација која ќе има последици“.

Мета