Изложба на Марија Јаќовска и свирка на „Кокиче“ на 10 мај во „Буква“

Во скопската кафе-книжарница „Буква“ на 10 мај од 21 часот ќе се одржи изложба на Марија Јаќовска, но и свирка на бендот „Кокиче“.

„Марија Јаќовска е дипломирана графичарка и воедно мултидисциплинарен уметник. По завршувањето на студиите има спремено изложба на колажи и слики во комбинирана техника, кои ќе можете да ги видите во петок.

Кокиче е бенд во кој се Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и електроника, Теодор Јуруковски на синтисајзер и Раде Биковски на бас (кој за жал нема да не дружи овој пат). Свират импровизирана музика околу теми кои шараат од џез и класика до некаков си рок и ноиз. Сѐ уште млади како бенд, полека но сигурно го обликуваат својот звук кој се состои од детски мелодии, богати хармонии и чудни звуци со шашави тапани“, се вели во најавата за настанот во „Буква“.