ТикТок ќе ги означува корисниците кои објавуваат содржина генерирана со вештачка интелигенција (ВИ), велат од компанијата која стана првата голема апликација за видеа што автоматски ќе ги означува ваквите содржини на корисниците.
Содржините создадени со алатките за вештачка интелигенција со кои располага ТикТок веќе се автоматски означени како такви, а компанијата сега бара од креаторите рачно да ги додаваат истите етикети на нивната содржина. Но, до сега тие можеа да ги избегнат правилата и да го објават генерираниот материјал како автентичен откако ќе го изработат на други платформи.
Сега компанијата ќе почне да користи дигитални ознаки креирани создадени од меѓуиндустриската група Коалиција за потекло и автентичност на содржината за да идентификува и означи што повеќе содржини генерирани со ВИ.
„Вештачката интелигенција нуди неверојатни креативни можности, но може да ги збуни или заведе гледачите ако не знаат дека содржината е генерирана на тој начин“, рече Адам Пресер, шеф на операции и безбедност во ТикТок.
Плановите за обележување на ваквите содржини следуваат откако Мета најави слична мерка во февруари. Но, обидите за означување направија малку за да го забават огромното ширење на слики генерирани со ВИ, особено на Фејсбук, што доведе до тоа некои да ја наречат страницата „интернет зомби“.
Другите апликации за социјални медиуми се уште побавни: Снепчет ги означува содржините генерирани со ВИ со користење на алатаките на самата мрежа, но ги предупредува своите корисниците дека можеби не се обележани сликите креирани со ВИ алатки кои не се на Снепчет. Мрежата Х, претходно позната како Твитер, воопшто нема свој систем на означување, наместо тоа се потпира на „белешките на заедницата“ доставени од корисниците за означување лажни слики.