„Сакаат да ја забранат нашата музика? Ќе треба прво да не убијат“, вели Fadimata Disco Walet Oumar.
Исламските екстремисти целосно ја забранија музиката во Мали, но светски познатите музичари не се откажаа од борбата.
Во 2012 година екстремистите го зазедоа северот на Мали, наметнувајќи еден од најпогубните закони во историјата, со кој се забрани целата музика, која за жителите претставува најголемо богатство.
Филмот, кој треба да биде снимен со пари собрани од кампања на Кикстартер ќе ја опише борбата за музиката.