Групната изложба со наслов „Професори и студенти” ќе се отвори на 14 јуни во Младинскиот Културен центар (МКЦ).
„Настанот има цел да стави акцент на широкиот спектар од наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во Македонија, да ја потенцира разликата меѓу нив, како и да ги актуелизира наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале. Изложбата, всушност ќе биде еден селектиран избор на веќе етаблирани, но и автори чијшто потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори но претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето на визуелните уметности години наназад“ , велат организаторите.
Изложбата ќе биде отворена до 29 јуни.