Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2023 година, превезени се 14.341.000 патници, од кои 12.749.000 во градскиот превоз, а 1.592.000 патници во меѓуградскиот превоз.
Со 1.556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55.793.000 километри, од кои 47.487.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8.306.000 километри.
Податоците за такси-превозот, како што посочија од ДЗС, добиени се од 227 извештајни единици.