На Плоштадот Македонија денес за првпат се одржа манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“ на која се промовираат градските средни училишта и се презентираат нивните наставни планови и програми.
„Горди сме што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат квалитетни, добри, професионални млади кадри и кои понатаму се успешни во нивниот кариерен развој. Ги охрабруваме учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите средношколци да бидат што е можно подобри, да продолжат со одличната работа и резултати. Нашите скопски средни училишта воведуваат нови, иновативни образовни профили кои се според потребите на пазарот на труд, а во насока на развој и унапредување на образовниот процес за идните млади професионалци. Истовремено, скопските средни стручни училишта се лидери во Македонија во поглед на стручното образование кое е се атрактивно за учениците“, велат од Град Скопје.
Денес беше претставен првиот дел од програмата која продолжува и утре (18 мај).
Покрај промотивниот дел каде родителите и идните средношколци можеа да се запознаат со со наставниот кадар и стручните служби на училиштата и програмите на училиштата, имаше музичко забавна програма во изведба на средношколски музички бендови и солисти, како и настап на фолклористите од ДКЦ Карпош.
Фото: Град Скопје