Вчеравечер официјално започна овогодишното Национално дебатно првенство во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ).
За време на викендот, во скопската гимназија „Никола Карев“, над 50 тима од целата држава, аргументирано ќе се изразуваат, критички ќе размислуваат и јавно ќе говорат во трка за титулата Национален дебатен шампион.
„На 154-от турнир организиран во овие 25 години, ќе се дебатира во ‘World Schools’ форматот. Турнирот ќе се состои 5 прелиминарни рунди (3 отворени, 2 затворени), четврт-финале, полуфинале и конечно финалето на кое два тима ќе дебатираат на тезата: ‘Овој Дом претпочита целосно генеративен модел на вештачка интелигенција како главен извор на вести наместо новинари’“, посочија од МОФ.
Турнирот е организиран во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.