Процесот на прегледување на апликациите за докторски и магистерски стипендии е при крај и резултатите ќе бидат објавени оваа недела, инофмира Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк.
Радио МОФ пред еден месец пишуваше за сè уште необјавените резултати од конкурсите кои беа отворени на почетокот на годинава, во јануари. Тогаш одговорот на МОН беше дека резултатите ќе бидат објавени „наскоро“, поради како што реакоа, надминатиот број пристигнати апликации.
Со Конкурсот за студенти на втор циклус во академската 2023/24 се предвидуваат 50 стипендии во износ од 9.000 денари, од кои 40 се наменети за природно-математичките науки, а десет за општествените науки. За студентите на трет циклус МОН предвиде 15 стипендии во висина од 18.000 денари.
За процесот кој трае речиси половина година реагираа од Универзитетското студентско собрание на УКИМ, по жалбите кои до нив ги испратиле студентите. усс
„Несериозно е институција како Министерството за образование и наука временски да ги одолговлекува резултатите за стипендии кои значат многу за одредена група студенти кои поради интегративноста на студиите ‘приморани се’ да запишат втор циклус, а притоа тие студии не чинат малку“, посочи за Радио МОФ студентскиот лидер Александар Николовски.
Инаку, Линковите кои водеа до конкурсите сега се нефункционални, а конкурсите ги нема ниту на веб-страницата на МОН. Од МОН за ова велат дека е бидејќи има доволен број пријавени на конкурсите.
Магистрантите и докторантите од јануари чекаат МОН да ги објави резултатите за стипендии