Тимовите „Space Walkers“ и „Space Walkers Jr“. составени од млади од СТЕМ Академија освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада на Крит, Грција.
Македонските тимови се натпреваруваа и победија во категоријата „Пентатлон арена“, каде што роботите треба да решат 5 спортски мисии и да освојат што е можно повеќе поени.
„Се гордееме со нашите тимови и со нивните достигнувања на овој глобален настан, каде што има учесници од 5 континенти, 36 земји, односно 1450 тимови и 3400 деца кои се натпреваруваа во 19 категории“, велат од СТЕМ Академијата.
За учество на натпреварот кој се одржуваше од 26 до 29 април, потребно е знаење од роботика, механика, физика, програмирање, тимска работа и способност за справување со предизвици за да се создаде врвен робот.
Фото: СТЕМ Академија