ХОПС – Опции за здрав живот Скопје од 21 до 27 јуни во Струмица по осми пат организира „Летна школа за зависности од дроги”. Оваа седумдневна летна школа треба да понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе во предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања.
„Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политики за дроги, лекувањето на зависноста базирано на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и програми за ресоцијализација и интеграција и концептот на човекови права“, велат од ХОПС.
Предвидена е и посета на програмите за зависности кои постојат во Струмица каде ќе се одржи школата.
Пријавените кандидати треба да бидат на возраст до 30 години. Сертификат за учество на летна школа и стекнати знаења ќе добијат сите учесници.
Повеќе за летната школа и критериумите ТУКА.