Хип-хоп групата „КЕМ“ од Скопје со песната „Taxi Driver Flow“ го најави издавањето на нивниот втор и долгоочекуван студиски албум „КАМЕН ПЛАМЕН ТАТКО“ на 26 мај годинава.
Албумот ќе има слушачка промоција на 23 мај (четврток) во Излет кафе.
Формирани во 2020 година, KEM брзо се пробија на македонската рап музичка сцена. Нивниот дебитантски албум, „Columba Noachi,“ понуди нов осврт на македонскиот хип-хоп, освојувајќи ги слушателите со својот уникатен спој на стилови и длабока лирика.
[Интервју] „КЕМ“ – Хип хоп поезија и освежување на алтернативната музичка сцена
„’КАМЕН ПЛАМЕН ТАТКО’ ветува дека ќе биде уште едно издание кое ќе ги предизвика границите на нивниот звук и ќе ја прикаже нивната еволуција како уметници“, велат од музичкиот колектив „Гола планина“.