Репортери без граници (РСФ) поднесоа трета тужба до Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради „воените злосторства извршени од Израел врз новинарите“, информираат од организацијата.
Во нивната тужба бараат да се поведе истрага за злосторствата кои им биле извршени на најмалку девет палестински новинари додека си ја вршеле својата должност, во период од 15 декември 2023 година до 20 мај 2024 година.
Од РСФ тврдат дека има разумна основа да се верува дека некои од овие новинари биле жртви на намерни убиства, а други на намерни напади врз цивили од страна на израелската војска.
На почетокот на јануари, обвинителот на МКС рече дека злосторствата против новинарите биле покриени со истрагата за воени злосторства во Газа.
„Оние кои убиваат новинари го напаѓаат правото на јавноста на информации, што е уште поважно за време на конфликт“, коментираше адвокатот на РСФ, Антоан Бернард.
Тужбата на РСФ конкретно се однесува на двајцата новинари на Ал Џезира, Хамза Дахдух и Мустафа Тураја, кои беа убиени во напад на нивниот автомобил на југот на Појасот Газа.
Израелската војска објаснува дека двајцата новинари летале беспилотни летала што претставувало непосредна закана за израелските војници и ги опишале како „терористички агенти“.
Според Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, најмалку 107 новинари и медиумски работници биле убиени за време на војната во Газа.
Инаку, војната Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври 2023 година.