Листата на најдобри студентски градови е направена од угледниот весник Guardian, според критериумите како процентот на странски студенти, животниот стандард и квалитетот на високо образовните институции.
Француската престолнина Париз е избран за најдобар студентски град, додека главниот град на Велика Британија, Лондон, е втор на листата.
Според рангирањето, веднаш по Париз и Лондон, следат Сингапур, Сиднеј, Цирих, Мелбурн, Хонг Конг, Бостон, Монтреал и Минхен.
Во Париз, животот на студентите и школувањето се поевтини во однос на Лондон и затоа овој град е сместен на второто место. Сепак, во Лондон постојат 22 универзитети, поради што се смета за „срце на академскиот свет“.
Градовите кои се натпреваруваат за титулата „најдобар студентски град“ мораат да имаат најмалку два универзитети кои се рангирани меѓу најдобрите светски универзитети, како и да имаат над 250 илјади жители.