Денес (понеделник, 3 јуни) на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се одржи протестен собир за солидарност со Палестина.
„Сакаме уште еднаш да потенцираме дека Универзитетот како една од најзначајните академски и високообразовни институции, е должен да го прекине срамниот молк и да заземе став за едно од најголемите злосторства во поновата историја. Должни сме и ние“, велат од студентската иницијатива УКИМци за Палестина кои се организатори на собирот.
Иницијтивата е составена од студенти, постипломци и алумни на УКИМ преку која, како што велат, се приклучуваат на светското студентско движење за поддршка на Палестина и палестинскиот народ. УКИМци за Палестина кон крајот на мај упати барања упатени до Универзитетот да заземе јасна позиција во однос на, како што посочуваат, геноцидот кој Израел го врши во Газа, по примерот на многу светски универзитети и во форма на декларација.
„Меѓу другото, на собирот ќе ги истакнеме нашите барања до универзитетот и ќе ја покажеме нашата солидарност со палестинскиот народ и со палестинските универзитети“, се вели во најавата за собирот кој е најавен да започне во 17 часот.
УКИМци за Палестина: УКИМ јавно да го осуди геноцидот што Израел го врши во Газа