Изложба на уметницата Гордана Јаневска од 5 јуни во Уметничкиот центар „Арт хаб“

Уметницата Гордана Јаневска ќе ја отвори својата самостојна изложба на слики насловена „Допир“ на 5 јуни (четврток) од 20 часот во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно.

„Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли“, велат од „Арт хаб“.

Кураторката Маја Крстевска во рецензијата за сликарството на Јаневска вели дека уметницата преку своите творби, повеќето на темна основа со фигуративен приказ на портретот, фигурата на коњот или пак мртвата природа, дава впечаток на рефлекс на фаќање на сенката и преклопување на фигурата од двете страни во едно.

 

„Помеѓу светлото и темното, делото се конфронтира и станува свена на која може да се дефинира публиката како актер што е и поентата на човековиот квалитет. Јаневска ги спојува на своите платна средиштето со логичен след и директно влегува во светлото и темното, свесно ги отелотворува во освојување на прикажаниот препознатлив мотив“, додава таа.

Изложбата ќе трае до 18 јуни.