„Shelter Mvmnt“ овој петок, 7 јуни, прават нова журка во клубот „Фортрес“ (Fortress) во Старата скопска чаршија.
На музичката агенда е Khonsu, свеж, мистериозeн и мрачен проект, движен по нарација. Се работи за нов музички израз на Антонио Симоновски, претходно познат во психоделичната заедница по проектите Cosmic Dimension и Menkalian.
Толе и Мартин ака Његовски доаѓаат од вибрантните улици на Белград директно во срцето на Скопје, со, како што велат организаторите „динамичен сет кој комбинира псај-теч вибрации со варијации што го ‘виткааат’ умот“.
Bapsy e реномираната фигура која веќе две децении неуморно опстојува на андерграунд сцената. Таа е музички ентузијаст кој постојано истражува, а во нејзиниот универзум публиката може да слушне мешавина од електро панк, техно, фјучр гараж, брејкбит и псајтранс.
Зад псевдонимот Anahata стои Марија Максимоска, млада диџејка која „жонглира“ со различни жанрови на психоделична музика. Нејзините сетови резонираат со срцевата чакра – Anahata.
Журката во „Фортрес“ ќе започне на полноќ.