Бендот Beastie Boys ги обвини креаторите на виралниот видео спот за детски играчки дека без нивна согласност искористил делови од нивниот хит “Girls” од албумот “Licensed to III” од 1987 година.
Популарниот видео спот на компанијата за играчки GoldieBlox кој претставува пародија на песната “Girls”, откако беше поставен на интернет на 17 ноември има повеќе од седум милиони посети.
Авторите на рекламата ги заменија оригинално навредливите стихови за девојките со афирмативни за тоа како жените не треба да бидат ничии слуги и со цел да ги охрабрат девојките да се свртат кон науката, образованието и техничките науки.
Оригиналните стихови на песната гласат: “Girls – to do the dishes/Girls – to clean up my room/Girls – to do the laundry/Girls – and in the bathroom/Girls, that’s all I really want is girls”, додека во нивната преправена верзија стиховите се заменети со “Girls to build the spaceship/Girls to code the new app/Girls to grow up knowing/That they can engineer“.
Откако се појави видеото на интернет, преостанатите членови на бендот и се заканија на компанијата со тужба за кршење на авторските права, бидејќи сметаат дека таква употреба на авторското дело не е дозволена, но од Goldiebox набргу пристигна одговор.
„Нашата компанија го направи овој видео спот со одредена намера како пародија на песната на групата и со цел да се разбијат родовите стереотипи, како и да ги охрабри девојките да се вклучат во активности кои одговараат на нивниот интелект, како науката, технологијата, математиката…Нашиот видео спот стана многу гледан на интернет и јавноста го препозна како пародија и критика на песната на бендот и тоа е се“, се вели во соопштението на производителот на играчки.
Во меѓувреме Ad-Rock и Mike D од групата Beastie Boys потпишаа договор за објавување на мемоар до 2015 година.
Третиот член на бендот Adam MCA Yauch почина од рак на 4 мај 2012 година на 47 години.
Извор: Б92