Филмскиот фестивал Cinedays оваа година се затвори со прикажувањето на концертот на Duran Duran – Unstaged, кој е во режија на реномираниот David Lynch (Twin Peaks, Mulholland Drive). Пред две години беше во живо пренесуван преку Youtube и е визуелно претставување на текстовите на Duran Duran врз нивниот настап во Мајан театарот во Лос Анџелес.
Звукот на самиот концерт е фантастичен, DD изведуваат 16 песни (и 3 на бис), каде што на неколку од нив гостуваат познати музичари како што се Beth Ditto, Mark Ronson, Kelis и Gerard Way. Улогата на Lynch овде е (како што и самиот најавува на почетокот) визуелно прикажување на текстовите од песните, пример Земјината топка на „Planet Earth“, тркало на „Rio“, филмска лента на „Girls on film“ итн.
Најголемата дебата која се покренува за концертов е помеѓу фанови на DD и David Lynch. Едните тврдат дека има премногу анимации врз настапот на бендот, додека другата група пак го тврдат токму спротивното – дека има премногу силни кадри од бендот, па анимациите на моменти речиси и не се забележуваат.
Јас сум од тие првите затоа и (секако малку пристрасно) ќе го оценам со 7/10, бидејќи сепак нема ништо подобро од гледање на еден ваков фантастичен бенд пред вас на сцена. Сепак и проекцијата во МКЦ, беше едно интересно доживување.
Николај Митрески