Во 2023 година, според состојбата на 30 септември, во установите за згрижување и воспитание на деца, односно во детските градинки и центрите за ран детски развој се регистрирани 37.804 деца, што претставува зголемување од 5.2% во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Овој број, во 2022 година бил 34.356 деца.
Со годишните извештаи во 2023 година се опфатени 117 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 3.5% повеќе во однос на 2022 година.
„Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до 6 години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана)“, посочуваат од ДЗС.
Според податоците, за една година е зголемен бројот на јавни установи за три, односно бројот на приватните е намален за два. Во меѓувреме, ДЗС бележи дополнителни две центри за ран детски развој како приватни правни субјекти.