Денешната програма на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на посетителите ќе им понуди три претстави.
Во 17 часот на театарската сцена ќе настапат актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје со младинската „Франкенштајн“, по мотиви од истоимениот роман „Франкенштајн“ од Мери Шели. Режијата е на Кокан Младеновиќ. Улогите ги толкуваат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Maтеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.
Веднаш по претставата ќе следуваат разговори на тркалезна маса.
Во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Едвард Втори“ во продукција на „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
Претставата е во копродукција со Драмски театар „Масалитинов“, Пловдив и е во режија на Андриј Жолдак. Текстот е на Сашо Димоски според А. Жолдак и К. Марлоу. Улогите ги толкуваат: Борис Крстев, Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Тодор Стојковски, Сандра Танчева – Марго, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски.
Во 22 часот на театарската сцена публиката ќе може да ужива во претставата „Демонот од Дебар Маало“ во изведба на актерите од Театарот „Ацо Шопов“ од Штип. Претставата е според текст на Горан Стефановски, а е во режија на Наташа Поплавска. Улогите ги толкуваат: Пеце Ристевски, Марија Минчева-Андонов, Ефтим Траjчов, Валентина Ѓоргиевска, Владимир Тулиев, Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова-Дербов, Раде Рогожарев, Стефанија Митовска и Даријан Петров.
Во текот на денешниот ден ќе продолжат и разговорите на тркалезната маса за претставите, „Ало! Ало“ и „Дупло дно“ што синоќа беа изведени во Прилеп.
Инаку, на петтиот фестивалски ден публиката имаше можност да ги гледа претставите „Ало! Ало!“ на Театар Комедија, „Дупло дно“ на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и „Кенди“ на Независниот театар „Златен Елец“.
Покровители на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ се, Министерството за култура, Општина Прилеп и други општествено одговорни компании.
Целосната програма на фестивалот може да се погледне на следниов ЛИНК.
Симона Паскоска