Поради високите температури, Министерството за образование и наука (МОН) препорача основните училишта да работат со скратени наставни часови.
Оттука, тие препорачуваат основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува и училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат.
Дополнително, тие препорачуваат учениците да се насочуваат и да им се дава можност да конзумираат поголемо
количество вода, како и да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.
Овие препораки, како што велат од МОН, се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.
Учебната година за основците трае до 17 јуни.