Фондација „Кантарот“ и семејството на спортскиот коментатор Александар Стиков, под мотото „Добриот глас надалеку се слуша“, распишуваат конкурс за наградата, најдобар млад презентер на научна содржина – „Колега Стиков“.
На конкурсот може да учествуваат сите ученици од основните училишта во Македонија. Основците кои сакаат да учествуваат, потребно е да снимаат како презентираат текст со научна содржина, научен експеримент, научен концепт, приказна за својот омилен научник, осврт за книга со научна или научно-фантастична содржина, репортажа од научен настан или своја оригинална замисла за презентација поврзана со наука.
„Се повикуваат сите основци да нè восхитат со својот глас и со своите презентерски вештини. Покажете ни колку интересно и оригинално може да звучи презентација на една содржина поврзана со наука и влезете во трката за новата награда за најдобар млад презентер“, велат организаторите.
Видеото треба да се испрати на naukazadeca.mk@gmail.com со основни податоци: име и презиме, одделение, училиште, град и телефон за контакт.
Најдобриот презентер ќе биде избран од стручна комисија во која ќе членуваат истакнати новинари и научници. Наградата е во вредност од 500 евра и ќе биде доделена за време на третата конференција „Наука за деца“ (18-19 октомври 2024).
Повикот за аплицирање за наградата е отворен од 15 јуни до 15 јули.
Повеќе информации за конкурсот може да најдете ТУКА.