На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование…
1. [Фото] „Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ – скулптура од ѓубре поставена на кејот во Охрид
Уметничка инсталација од отпад направена од млади беше поставена на кејот во Охрид.
Со скулптурата, млади од Охрид од клубот Артивизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) испратија пораката против загадување на Охридското Езеро. Дополнително, со акцијата тие целат да ја подигнат свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина.
[Фото] „Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ – скулптура од ѓубре поставена на кејот во Охрид
58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп полека се приближува кон крајот.
Оваа година на театарската сцена се изиграа единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма.
Уметничката директорка, Ана Стојаноска, со која Радио МОФ имаше можност да направи кратко интервју, вели дека фестивалот поминал добро и публиката е задоволна од изборот на претставите и од програмата.
3. [Видео] Дуалното образование за средношколци подучува на дисциплина и вештини за работа
Марко Бојаровски е 19-годишно момче од Скопје кој работи како техничар во Институтот за истражување и развој на „Алкалоид“. Тој уште од мал имал желба да влезе во светот на медицината и фармацијата, а со пракса во „Алкалоид“ започнал додека учел во скопското средно училиште „Панче Караѓозов“.
„Кога почнав да доаѓам тука, како надоградување би го сметал тоа дека поголем акцент се стави на дисциплината. И, малце разлика да видиш како е навистина да си во работен однос, бидејќи ние доаѓавме на пракса, додека се работи. И, можевме таму да сме во вистинско време и да го видиме тоа навистина тоа што го учиме теоретски, како би изгледало практично“, вели тој.
[Видео] Дуалното образование за средношколци подучува на дисциплина и вештини за работа
14 јуни традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството како благодарност на луѓето кои доброволно и бесплатно ја даруваат својата крв на оние на кои им е потребно. По тој повод поразговаравме со Александра Валкановска, стручна соработничка за крводарителство во Црвен Крст која ни открива повеќе за тоа колку е развиено крводарителството во Македонија, во кои општини има најмногу крводарители и дали потребите од крв во државата се задоволени.
„Македонија е мала земја со одлично развиено крводарителство, кое се темели на принципите доброволност, анонимност и бесплатност. Денешниот ден го користиме за уште еднаш да им се заблагодариме на крводарителите во нашата заедница за нивниот драгоцен придонес преку дарувањето крв со што спасуваат животи“, вели Валкановска.
5. [Видео] Дуалното образование е двонасочен процес од кој бенефит имаат и учениците и компаниите
Јана Василева е ученичка во дуална паралелка во средното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид. Покрај редовната посетува и практична настава во фабриката „Костал“ каде со помош на ментор ги подобрува своите и знаења и вештини.
Според Јана, практичната настава во областа на производното машинство е предизвик, но и рушење на стереотипи бидејќи, како што вели, оваа професија кај нас се’ уште се смета за машка.
[Видео] Дуалното образование е двонасочен процес од кој бенефит имаат и учениците и компаниите
+Бонус:
На 58. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ кој оваа година се одржува од 7 до 14 јуни во Прилеп се изиграа единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма.
Додека фестивалот се приближуваше кон крајот, Радио МОФ имаше можност да направи кратко интервју со еден од актерите кои се дел од тимот токму од оваа претстава – Стефан Николовски.
Низ разговор, младиот актер кој на публиката, покрај по театарските претстави и е познат и по имитациите на политичари и јавни личности, ни откри зошто се одлучил да биде актер, зошто го избрал театарот но и за тоа како е задоволен од годинашниот фестивал.
Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување на претставата во целина, на 58. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ)„Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Покрај оваа награда, за претставата беа доделени и наградите, за женска епизодна улога на Анкица Бенинова за улогата на Сања и за главна машка улога на Васил Михаил за улогата на Силјан.
Претставата „Иванов“ на НУ Македонски народен театар од Скопје во режија на Зоја Бузалковска освои најмногу награди.
Бесплатен превоз за сите редовни ученици и во јавните и во приватните средни школи. Во училишниот инклузивен тим наместо двајца наставници, да учествуваат наставник и ученик избран од соучениците. Забрана за сегрегација и дополнување на основите за дискриминација со сексуална ориентација и родов идентитет. Ученикот правобранител да поминува обука за човекови права и дискриминација и проширување на програмата за заштита од насилство.
Ова се дел од предлозите застапени во мислењето што Комисијата за заштита и спречување од дискриминација (КСЗД) го достави до Собранието по предлог Законот за средно образование чиј текст беше утврден во јануари годинава. Предлозите за измени и дополнување на овој закон се во согласност со надлежностите на Комисијата, а во насока на унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација.
Во рубриката #НизТвојотОбјектив претставивме дел од селекцијата фотографии насловена „Еднаш свет изградив…“ на Иво Велчевски.
Фотографиите како, што вели Велчевски, се организирани во поголема книга од 60 дела.
„Најчесто е фотографиран некој хаос, апсурд. Ми беше прва година во Скопје па лутајки низ градот почнав да забележувам и да се прашувам што зошто и како. Идејата околу естетиката е поетика на грдото, разурнатото. Политичкиот хаос во државата и неговата крајна манифестација на физичкиот простор околу нас, сето тоа замачкано со некој идеал за национализам, кој што во основа е апстрактен, замислен“, вели младиот фотограф за Радио МОФ.
#НизТвојотОбјектив – „Еднаш свет изградив…“ од Иво Велчевски