На Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје, утре (19 јуни) со почеток во 16 часот во Амфитеатар 1 ќе се одржи натпревар во раскажување организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.
„Натпреварот претставува уникатна можност да се открие талентот и креативноста на младите раскажувачи – ученици од различни возрасти, настојува да помогне децата да го развијат јавното говорење и претставува дел од иницијативата на поттикнување на љубовта кон книгата и читањето“, наведуваат од организацијата.
Настанот ќе го отворат Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет и Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата, а ќе заврши со доделување на награди на најдобрите учесници.