„Хамлет -денот на убиството“ во изведба на Народниот театар од Битола ја доби наградата за најдобра претставана на 51. Интернационален фестивал на алтернативниот и нов театар-ИНФАНТ во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград, соопштува Министерството за култура. .
„Едноставност и прецизност на режисерската постапка, изедначена и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативно, концизно и конкретено. Сето тоа го прави битолски Хамлет комплетна и вредна претстава, а во духот на најдобрата традиција на овој фестивал“, се наведува во образложението од жирито.
Претставата е по текст на Колтес, а во режија на Марјан Неќак. Во неа играат Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.
Овогодинешната театарска ревија, која беше во избор на режисерот Александар Поповски, собра претстави од регионот со цел да ги прикаже аспирациите и движењата на алтернативната и современа театарска продукција во овој дел од Европа.