Во чест на Денот на Охридското Езеро, утре (21 јуни) од 11 часот пред платото на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи завршницата од поетско-музичкиот перформанс насловен како „Слушни го езерото“.
„На настанот ќе настапат десетина поети од Охрид, Струга и Поградец, Албанија, ученици од основните училишта ќе постават изложба со цртежи сврзани со езерото, а ќе настапат и млади музичари од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид“, се вели во најавата за настанот.
Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката финансиран од Министерството за култура.