Ерменија официјално ја призна државата Палестина, пишува „Анадолу“.
„Катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и тековниот воен конфликт се едно од примарните прашања на меѓународната политичка агенда што бара решение. Република Ерменија категорично го отфрла таргетирањето цивилна инфраструктура, насилство врз цивилно население и земање заложници и заробени цивили за време на вооружени конфликт и се придружува на барањата на меѓународната заедница за нивно ослободување без предуслови“, соопштија од Министерството за надворешни работи на Ерменија.
Според нив Ерменија претходно ги поддржала резолуциите на Генералното собрание на ОН кои повикуваат на итен прекин на огнот во Појасот Газа.