Иднината на повеќе од три милиони студенти виси на конец поради Националниот тест за подобност (NEED) во Индија за прием на медицинските и истражувачки факултети спроведувани минатиот месец од Националната агенција за тестирање (NTA), автономно тело под индиското Министерство за образование. Тие се под невидена лупа на јавноста поради се повеќе докази за корупција, протекување прашања, апсења и зголемен број барања за повторно испитување, јавува Ал Џезира.
Испитот го полагале околу 2,4 милиони кандидати, натпреварувајќи се за 100.000 места на медицинските факултети. Резултатите објавени на 4 јуни откриле неправилности во оценките и драматично висок број на врвни резултати, по што следел бран апсења во различни делови во земјата за наводно протекување информации и измами од повеќе милиони долари.
Оттогаш, студенти се обратиле до Врховниот суд и високите државни судови, организирале протести во големите жештини и кампањи на платформите на социјалните мрежи барајќи независни истраги и повторно испитување.
Interns and Students of PGIMS #ROHTAK stands with all #NEET aspirants and against the @NTA_Exams regarding #NEET Paper leak !@dpradhanbjp please take action against this issue. #NEET_परीक्षा @PMOIndia @narendramodi @INCIndia @BJP4India #medtwitter pic.twitter.com/JlTAQ1LFOu
— Indian Doctor🇮🇳 (@Indian__doctor) June 20, 2024
На 19 јуни новоформираната коалициска влада на Нарендра Моди го откажа Националниот тест за подобност кој избира кандидати за стипендии за истражувањa финансирани од јавност, само еден ден откако милион студенти го напишаа трудот.
„Оваа одлука следеше по извештаите дека прашањата протекле и циркулираат на Телеграм“, изјави Дармендра Прадан, министер за образование на Индија.
Тој вели дека протекувањето на прашањата е институционален неуспех на Агенцијата за тестирање, ќе има комитет за реформи и ќе се преземат мерки. Министерот уверува дека нема да прават компромиси за транспарентност и дека благосостојбата на студентите им е приоритет.
Во меѓувреме, лидерите на индиската опозиција и правните експерти ја критикуваа владата на Моди поради нејзиниот неуспех да ја сузбие корупцијата на елитните испити во земјата кои одредуваат кој ќе стане доктор и научник.
„Националната агенција за тестирање има една работа (да ги спроведе испитите) и очајно пропадна. Милиони кариери и животи на студенти се загрозени. Нерегуларностите во овие испитувања мирисаат на корупција на големо ниво во системот“, истакна Риши Шукла, научник за правни истражувања во Лакнау, кој помогнал во повеќе правни петиции против Агенцијата.