22 лица загинаа при бомбардирање на Црвениот крст во Газа. Луѓето, кои претходно во шатори се сместиле во близина на просториите на хуманитарната организација биле убиени во нападот од страна на Израел, пишува „БиБиСи“.
„Ракети од тежок калибар паднаа на неколку метри од канцеларијата и сместувањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Оштетените простории се опколени со стотици раселени цивили кои живеат во шатори, меѓу кои има и многу вработени во Црвениот крст. Повредени се 45 лица.“, соопштиле од Црвениот крст.
Портпаролот на израелските одбранбени сили изјави за новинската агенција Франс прес дека првичните истраги сугерираат дека „нема индикации“ дека тие извршиле напад во областа, но додаде дека инцидентот „се разгледува“.
Министерството за здравство на Хамас во Газа објави дека 25 лица загинале, 50 се повредени во ракетирањето, за што го обвини Израел.