Повикот за за пријави за театарски претстави, кратки филмови и работилници за програмата на претстојниот 32. Меѓународен состанок на Академиите и Факултетите за драмски уметности „Скомрахи“, закажан за 1-5 ноември во ФДУ Скопје и низ различни локации во Скопје, официјално е отворен.
„Во нашиот свет преполн со отуѓување и алчност, хиерархија и милитаризам, експлоатација и извлекување, ксенофобија и расизам, падот на човештвото се пренесува во живо на нашите телефони.Што можеме да направиме за ова како уметници? Како нашата уметност може да биде релевантна и рефлектирачка? Дали воопшто може да преживее на овој свет? Можеме?“, велат организаторите.
Повикот е отворен до 30 јуни а апликациите треба да се испратат на skomrahi@fdu.ukim.edu.mk.
Повеќе информации може да најдете ТУКА.