Македонските државјани да го напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација, повикуваат од МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација. Оттаму апелираат и да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни.

„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Како и секогаш, ние ги ставаме сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани“, наведуваат МНР и посочуваат кон СОС дежурниот телефон +389  75 268 736, како и на електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk.