Еколошката организација „О2 Иницијатива“ изработи инфографик, со кој поттикнуваат прашања за можните ризици од корупцијата при носење на Детален урбанистички план.
Како можен ризик ја посочуваат партиската/личната поврзаност на нарачателот на ДУПот со градоначалникот. Потоа, планерски куќи избрани и платени од инвеститорот, исто така членови на комисии назначени од градоначалникот, платени за таа функција, дополнително можен ризик е личното влијание на службеници – вработени во институции кои издаваат мислења за ДУПот, а тука е и гласање на советници од партија поврзана со инвеститорот на ДУПот или поткупени.