За наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ годинава се номинирани вкупно 43 дела од 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 18 јазици.
Опфатени се 40 странски автори од жанровските категории роман, расказ, книги за деца и драми.
„Сето тоа сведочи за разгранета и опсежна преведувачка продукција, но и за многу силна конкуренција“, велат од издавачката куќа „Антолог“ која годинава го реализира доделувањето на наградата.
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ годинава ќе ја сочинуваат Јана Михајловска, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија и претставник од семејството на Драги Михајловски, Зорица Николовска, редовна професорка на Катедрата за германски јазик и книжевност и преведувач и Владимир Јанковски, писател и преведувач.
За наградата „Драги“ се номинирани следните преведувачи:
- Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година;
- Ана Неверова-Христоваи Филип Христов за преводот од руски на „Злосторство и казна“ од Фјодор М. Достоевски, издание на Антолог, 2024 година;
- Горјан Костовскиза преводот од англиски на „Страв од разделба“ од Гевин Бредли, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година; (ПДФ)
- Дарко Спасовза преводот од словенечки на „Агни“ од Борут Крашевец, издание на Чудна шума, 2023 година;
- Диана Николовсказа преводот од англиски на „Оџачарот“ од Џонатан Оксие, издание на Чудна шума, 2023 година;
- Ѓоко Здравескиза преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година;
- Ѓорѓи Крстевскиза преводот од руски на „Паѓаат старци“ од Данил Хармс, издание на Бегемот, 2024 година;
- Екатерина Бабамоваза преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година;
- Елисавета Поповсказа преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година;
- Ели Пујовсказа преводот од холандски на „Несреќникот“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 година;
- Ели Пујовсказа преводот од холандски на „Пена и пепел“ од Јан Јакоб Слауерхоф, издание на Макавеј, 2023 година;
- Емилија Мајсторова Стојановсказа преводот од грчки на „Момчето од ложата“ на Ангелики Дарласи, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)
- Живко Грозданоскиза преводот од италијански на „Пред да падне ноќ“ од Силвија Векини, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)
- Звонко Димоски за преводот од полски на „За кентаурите“ од Зузана Гинчанка, издание на Ма продукција, 2024 година (ПДФ);
- Златко Панзовза преводот од унгарски на „Деветтиот живот на принцот на мачките“ од Дора Гимеши, идание на ИД-Концепт консалтинг и дизајн, 2024;
- Ивица Челиковиќза преводот од шведски на „Големиот банкет“ од Сара Бергмарк Елфгрен, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)
- Игор Поповскиза преводот од шпански на „Смрт на Андите“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;
- Игор Поповскиза преводот од шпански на „Тетка Хулија и скрибоманот“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;
- Ирена Јурчеваза преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година;
- Искра Бадеваза преводот од норвешки на „Историја на пчелите“ од Маја Лунде, издание на Антолог, 2023 година;
- Искра Бадеваза преводот од норвешки на „Распарчени“ на Хилде Микелбуст, издание на Бата прес, 2024 година; (ПДФ)
- Јелена Милошевиќза преводот од англиски на „Нешто неочекувано“ од Кејт Шопен, издание на Ј. Милошевиќ, 2023 година;
- Калина Малесказа преводот од англиски на „Мали нешта како овие“ од Клер Киган, издание на Артконект, 2023 година;
- Катарина Ѓурчевска Атанасовска за преводот од англиски на „Даблинци“ од Џејмс Џојс, издание на Макавеј, 2023 година;
- Катерина Шекутковсказа преводот од германски на „Мачката Елеонора“ од Карен Јес, издание на Илика, 2024 година;
- Катица Гароска Ацевсказа преводот од француски на „Ти си поезија“ од Патрис Павис, издание на Перун артис, 2023 година;
- Лидија Војноска Христосказа преводот од англиски на „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс, издание на Арс Либрис, 2023 година;
- Лидија Димковсказа преводот од романски на „Беззборовната Ела“ од Викторија Патрашку, издание на Чудна шума, 2023 година;
- Лидија Танушевска за преводот од полски на „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ oд Дионисиос Стурис, издание на Славика либрис, 2023 година;
- Маја Лазаревсказа преводот од бугарски на „Трошки на хартија“ од Марија Росен, издание на Артконект, 2023 година;
- Маја Стојаноска-Филдишевза преводот од англиски на „Град во облаците“ од Ентони Дор, издание на Матица македонска, 2024 година;
- Марија Николовсказа препевот од француски на избор песни „Алексис Берно“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година; (ПДФ)
- Милан Дамјановскиза препевот од англиски на избор песни „Адам Хоровиц“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година; (ПДФ)
- Наде Поп-Гавриловаза препевот од шпански на „Место на утопии“ од Хорхе Палма, издание на Макавеј, 2023 година;
- Ненад Баткоскиза преводот од хрватски на „Лето на езерото Чиче“ од Јасминка Тихи-Степаниќ, издание на Бата прес, 2023 година; (ПДФ)
- Ненад Трповскиза преводот од португалски на „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото, издание на Антолог, 2024 година;
- Оливера Павловиќза преводот од руски на „Градината“ од Марина Степнова, издание на Антолог, 2023 година;
- Родна Русковсказа преводот од шведски на „Куќа без огледала“ од Мортен Санден, издание на Чудна шума, 2024 година;
- Сашо Огненовскиза преводот од српски на „Лице од стакло“ од Марија Караклајиќ, издание на Перун артис, 2023 година;
- Сашо Огненовскиза преводот од српски на „Театар од хартија“ од Милорад Павиќ, издание на Перун артис, 2023 година;
- Татјана Срцева Павловска за преводот од англиски на „Вини Пу“ од Алан А. Милин, издание на Макавеј, 2023 година;
- Томе Сиљаноскиза преводот од англиски на „Белешки на еден стар гад“ од Чарлс Буковски, издание на Бегемот, 2023 година;
- Филип Димевскиза преводот од полски на „Човекот каков е, секој гледа“ од Мажена Матушак, издание на Сказнувалка, 2023 година;
Инаку, наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор.
„Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон и така натаму. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ во Скопје, каде што беше професор“, истакнуваат од издавачката куќа.