Летното аниме „Тунелот на летото, излезот на збогатувањата“ ќе се прикаже на три платна истовремено утре (4 јули) со почеток од 19 часот во просторот за креација и иновација „База42“. На настанот ќе има и мини базар за урбана облека од македонски и јапонски брендови, рачно изработен накит, маички и фигури, но и караоке на јапонски песни.
„Овој пат во соработка со хакерскиот простор ‘База42’ најавуваме серија настани наречени ЈапанХ42 кои ќе се одвиваат еднаш месечно“, соопштуваат „Јапан@мк“, организаторите на настанот.
Штандот со облека ќе биде на „Platform 0.10“, рачно изработениот накит на „Factory girl“ и „Chaotic Dolls“, додека маички, накит и фигури со аниме содржина ќе изложат „Anime store“.
Организаторите посочуваат дека по проекцијата присутните ќе можат отворено да дискутираат за насоките во кои заедницата на љубители на јапонската култура треба се развива и какви настани да се организираат во иднина.
„Членовите на ‘Јапан@мк’ ќе подготват и штанд со лимонада за собирање средства и предлози за идни настани за заедницата“, додаваат од организацијата.