На 13 јули во „BASE42“ ќе се одржи првиот настан за промоција на јапонските видео игри, насловен „JPRG“ (Japanese role playing games).
Настанот кој ќе започне во 19 часот го организира „Пагода“, организација за промоција на источноазиски култури во Македонија, а во соработка со медиумот Комикс.мк
Предвидена и панел дискусија на тема „Од пиксел до полигон: Како JRPGs повторно го освоија светот”, на која ќе зборуваат Николај Јануше, Андреја Поповиќ, Рики Манасиев и Ангела Марковиќ Манасиева.
Дополнително, на настанот ќе има и гејминг корнер, како и катче за сликање, во кое гостите ќе можат да се фотографираат со реквизит од JPRG.