Центарот за современи уметности (ЦСУ) вчера кај Порта Буњаковец во Скопје постави „стапица за антиваксери“ на која се испишани дезинформации околу вакцинацијата. Акцијата е дел од низата уметнички акции на групата Урбани уметнички акции (Урбана герила), преку кои дел од македонските уметници активно се вклучуваат во борбата против лажните вести и дезинформациите.
Акцијата „Стапица за антиваксери“ е посветена на борбата со лажните вести и дезинформациите кои се однесуваат на вакцините и на тој начин претставуваат сериозна закана по јавното здравје на секој од нас, велат од ЦСУ.
„Антиваксерското движење секојдневно јакне во Македонија и регионот, и тоа главно како резултат на лажните вести и дезинформациите поврзани со вакцините, кои секојдневно ги преплавуваат социјалните мрежи и онлајн просторот. Поразителниот резултат можевме да го видиме и оваа пролет, кога Македонија беше соочена со сериозна закана од експлозија на епидемијата на болеста Големи сипаници или попозната како црна или магарешка кашлица. Во оваа уметничка акција, авторот на делото Љубиша Камењаров на свој специфичен начин користејќи аналогија на стапица за глувци на публиката и ја претставува стапицата која ја поставуваат антиваксерсите лажни вести и на која неретко се ловат лесноверните граѓани, кои не се во состојба да препознаат лажни вести“, велат од Центарот.