„Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“ објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје да се пријават најдоцна до 20 јули за привремената изложба „Скопје вибрира поп ап“.
„Од 23 јули до 1 август, во индустриската хала на центарот ‘Лабораториум’ ќе се одржи привремената изложба ‘Скопје вибрира поп ап’ чија што цел е да понуди содржини во културниот и социјалниот живот во летниот период во градот Скопје. Истовремено им дава можност на младите дизајнери и уметници да ги прикажат своите колекции и уметнички дела, при што им се дава предност на младите учесници и оние кои за прв пат се претставуваат во јавноста“, информираат организаторите.
Тие ги повикуваат сите изработувачи на производи од категориите мода, накит, додатоци, мебел, осветлување, други рачни изработки како и визуелни уметници од областите сликарство, вајарство, графика, графички дизајн, илустрации, инсталации, перформативни уметности и така натаму.