Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, екологија…

[Интервју] Јаневска: Образованието го гледам како стабилен систем за четири години отсега

Подобрување на наставните планови и програми за основно и гимназиско образование, фокусирање да се забрза напредокот во средното стручно образование. Промени во високото образование со модернизирање на студиските програми, запирање на практиката на купување дипломи. Исто така, декларација, односно стратегија во консензус со повеќе политички чинители, власт и опозиција за да се постават принципи на образованието во иднина.

„Нескромно, како стабилен систем“. На овој начин, новата министерка за образование и наука Весна Јаневска во интервју за Радио МОФ го сумира она што очекува да се постигне во образованието во периодот од 4 години, односно до крајот на мандатот на Владата.

[Интервју] Јаневска: Образованието го гледам како стабилен систем за четири години отсега

Дури 60% од произведената вода се губи, Скопје троши најмногу, а во Кочани е најскапа

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење. Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40%. Ова го покажува новото истражување на водата за пиење на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), коe открива дека во Македонија има 67 снабдувачи на вода и секој наплаќа различна цена за својата услуга.

Дури 60% од произведената вода се губи, Скопје троши најмногу, а во Кочани е најскапа

Велосипедските патеки во Чаир нефункционални, граѓаните се плашат да возат велосипед

Чаирските улици, кои се меѓу најфреквентите скопски улици, се во хаотична состојба, како резултат од лошата инфраструктура, тесните улици и непочитување на сообраќајните правила. Но, освен за автомобили, овие улици се претворија во вистински предизвик и за велосипедистите, со минимална безбедност.

Велосипедските патеки во Чаир нефункционални, граѓаните се плашат да возат велосипед

[Фото + видео] Уникатно отворање на „Синедејс“ со „Ефтеркланг: Македониум бенд“

Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, но и со настап на истоимениот ансамбл, беше отворен 23-от Меѓународен фестивал на европски филм – „Синедејс“ (Cinedays).

[Фото + видео] Уникатно отворање на „Синедејс“ со „Ефтеркланг: Македониум бенд“

Пожарот во Вардариште потсети дека треба итна санација на депонијата, а тоа го утврди и Студија уште пред 10 години

„Затворив прозор за да проветрам дома“ се честите иронични коментари што се шират по социјалните мрежи откако повторно, по којзнае кој пат, гореше некогашната депонија Вардариште, една од еколошките бомби на Скопје. За оваа црна точка, уште во 2014 година по нарачка на Град Скопје е направена Физибилити студија каде е утврдено дека Вардариште е „богата“ со тешки метали.

Пожарот во Вардариште потсети дека треба итна санација на депонијата, а тоа го утврди и Студија уште пред 10 години

+ Бонус

[Став] Сиромашни или свесни – Second hand облека

„Едноставно кажано, ако купувањето е водено само од финансиски можности и до пред некое време со 1000 денари сте можеле да си дозволите купување на најмногу 2 парчиња облека, сега со тие пари може да купите до 20 парчиња, што е повеќекратно зголемување на количината на отпад од текстил. Според културната матрица во која сме заглавени, повеќе парчиња облека не прават вредни за почит, ни ја демонстрираат финансиската моќ и не распоредуваат во класната припадност, што повторно поттикнува на конзумеризам“, пишува активистката Билјана Дуковска.

[Став] Сиромашни или свесни – Second hand облека