Утрово активни 13 пожари низ Македонија

Утрово се активни 13 пожари низ Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во последното деноноќие, вклучувајќи ги и активните пожари имало вкупно 24 пожари на отворено.

Врз активните пожари од рано утрово, како што посочија од ЦУК противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала на располагање, домашни и од другите странски земји кои испратија помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија.

Утрово активни се пожари во:

  • Општина Неготино: с.Калањево (каде што гори ниско стеблеста шума и грмушки);
  • Општина Гевгелија: Помеѓу с.Негорци и с.Кованец (мешана шума);
  • Општина Радовиш: кај с.Штурово (Ниско стеблесна шума);
  • Општина Чашка: с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)
  • Општина Росоман: с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
  • Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);
  • Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума);
  • Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки);
  • Општина Чашка: с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација);
  • Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума);
  • Општина Ново Село: над с.Бадилен (дабова шума и борова шума)
  • Општина Конче: кај с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума) и во
  • Општина Делчево (се уште гори градска депонија).