Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Матурантите кои се одлучуваат да студираат во Македонија, претежно, се запишуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. За сместувањето да го плаќаат три пати помалку и да живеат во пристојни услови, поголемиот дел од студентите од другите градови генерално посакуваат да бидат сместени во единствениот реновиран студентски дом „Гоце Делчев“. Но, годинава, сместувањето и во останатите студентски домови во Скопје, за одреден дел од студентите ќе биде потешко, поради намалените капацитети, а заради реновирање на дел од нив.
Во претстојните две академски години ќе трае реконструкцијата на „Кузман Јосифовски – Питу“ кој е затворен уште од 2022 година, а во кој започна да се работи дури во мај годинава. Во следните две години ќе се реновира и „Стив Наумов“ кој се затвори неодамна. Исто така, низ последните години се „заклучиле“ и 207 легла во „Томе Стефановски – Сениќ“.
Па така, студентите на располагање оваа година имаат 2.583 легла. Доколку државните студентски домови би работеле со полн капацитет тие би можеле да сместат 4.639 студенти.
Од слободните легла, 492 се наменети за бруцоши, а 2.091 за студентите во втора, трета, четврта и петта година.
Иако сѐ уште не се знае колкава ќе биде побарувачката за легла годинава во Скопје, според податоците кои ги добивме од МОН, таа минатата година изнесувала 3.153. Поточно, на конкурсот на МОН за студентските домови во Скопје аплицирале 787 бруцоши и 2.366 студенти од погорните години.
Ситуацијата со студентските домови, досега се има одразено на студентскиот живот и стандард, но оваа година, таа ќе се почувствува дупло, а можеби и тродупло, смета студентката на Економскиот факултет во Скопје и членка на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАСС) Василија Василева.
„Свесни сме дека процесот на реновирање и реконструкција на двата дома ќе биде предолг, како и дека се зголемени и допрва ќе се покачат кириите во Скопје“, смета Василева.
Според неа, бројот на слободни легла оваа година е навистина мал.
„Сигурна сум дека ќе постојат семејства кои нема да бидат во можност своето дете да го запишат на факултет само поради непостоечките услови за економичен студентски живот. Иако се мал процент, сепак постојат“, вели студентката.
Минатата година имало 467 легла повеќе за студентите, додека во студентската 2021/2022 кога работеа сите студентски домови, освен првата и втората зграда на „Стив“ и намалените места во „Сениќ“, капацитетот беше поголем за 1.229 студенти.
„Сведоци сме на тоа дека голем број студенти се примени во студентските домови според начинот ‘фаќање врски’. Сметам дека треба да се направи нова регулација на селективниот процес и да се даде предност на студенти кои доаѓаат од ранлива група на семејства, потоа на студентите кои имаат висок просек и навистина заслужиле со желбата за студирање и надоградба“, истакнува таа.
Од МОН на ова велат дека електронското аплицирање го елиминира влијанието на човечки фактор при рангирањето на поднесените апликации.
Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ во ноември минатата година се сретна со поранешниот министер за образование и наука Јетон Шаќири и, меѓудругото, побара и да се формира комисија од студенти кои ќе го мониторираат целиот процес на избирање студенти во студентските домови и ќе ја верификуваат веродостојноста на изборот.
Студентите би биле предложени од Универзитетските собранија на интеруниверзитетска седница. Барањето не се исполни.
View this post on InstagramЗаменик-претседателот на УСС-УКИМ Александар Ристоски смета дека предолга реконструкција на двата студентски домови ќе предизвика „борба“ помеѓу студентите при конкурирањето за место во останатите студентски домови.
„Ваквата предолга реконструкција најмногу ќе се одрази кај студентите кои доаѓаат од социјално ранливите категории, кои доколку не бидат примени во некој од студентските домови ќе бидат приморани да бараат алтернативни решенија за сместување и исхрана кои чинат неколку пати повеќе од цената која би ја плаќале доколку се сместени во студентски дом“, објаснува Ристоски.
МОН со години наназад има пракса на студентите кои ќе поднесат приговор откако ќе бидат ставени на листата на чекање, нема да бидат примени или нема се најдат на ниту една од листите, да им понуди сместување во непополнет ученички дом.
„Минатата година аплицирав за студентски дом, но бев ставена на листата на чекање, по што поднесов приговор. Ме сместија во интернатот ‘Здравко Цветковски – ГУЦ’ каде условите беа во ред, можеби за некој степен подобри отколку во нереновираните студентски домови. Таму беа сместени повеќе студенти, меѓу кои и апсоловенти“, вели Василева.
Таа сведочи дека една од нејзините цимерки била апсоловентка, па и покрај тоа што според закон ѝ следува апсоловентска соба во студентски дом, таа живеела во интернат со средношколци.
„Ѝ рекоа дека ќе ја известат доколку се ослободи соба во текот на годината за да се премести, но сведок сум дека тоа не се случи во ниту еден момент во текот на целата година“, децидна е студентката.
Каков е студентскиот стандард?
Студентите кои не се од Скопје имаат првични основни трошоци за пат, а дури потоа следуваат кириите за студентските домови или за станови и сметки, храна, и секако школарина и учебници, образложува Василева.
„Исплатата од 1.200 денари за патни трошоци која оваа година ја добивавме беше кризна мерка и таа нема да продолжи од октомври. Затоа, би требало да се изрегулира секој студент да добива попуст на билетите или, доколку е возможно, да се вклучи истата исплата повторно“, предлага таа.
Дополнително, кога ќе настане штета во кој било студентски дом или интернат, студентката смета дека, таа треба да се санира во истиот момент.
„Се чека тие да се таложат, акумулираат и се достигнува крајно непоправлива штета со што се губат сите услови за живот“, додава Василева.
Инаку, цените на становите во Скопје кои студентите ги наоѓаат се движат од најмалку 200 до најмногу 350 евра.
Тие најчесто престојуваат во помал стан со еден цимер или во поголем со повеќе цимери. Ја делат киријата, но и сметките кои изнесуваат околу 50 до 100 евра. Овие студенти во најмала рака имаат три пати поголеми трошоци за сместување отколку тие во домовите.
Од МОН велат дека и во услови на буџетски дефицит од 5 милијарди денари тие ќе изнајдат начин за одржување на студентскиот стандард и исплата на сите права кои им следуваат на студентите, односно субвенционираниот студентски оброк.
„Од следната календарска година предвидуваме етапно зголемување на севкупниот буџет за образование и наука, што подразбира и можност за унапредување на студентскиот стандард“, наведуваат оттаму.
За да се олесни студентскиот живот во наредните години, Ристоски од УСС наведува дека е потребно да се дигитализираат и да се модернизираат институциите во високото образование. Исто така, потенцира тој, треба да се воспостави ефикасен механизам за обезбедување на студентски оброк кој не само што ќе биде редовно достапен, туку и здрав.
„Понатаму, треба да се зголеми изборот на оброци во студентските мензи на универзитетите како и во домовите. Покрај тоа, неопходно е редовно одржување на студентските домови по нивното реновирање за да се обезбедат соодветни услови за живот на студентите и да се зголеми безбедноста на истите“, упатува Ристоски кон проблемите и решенијата.
Тој вели дека очекуваат добра соработка и редовно информирање од МОН за тоа како напредува реновирањето на студентските домови. А, доколку тоа не се случи, Ристоски посочува дека тие веќе имаат воспоставени контакти и механизми за самостојно да се информираат за напредокот на проектите, со цел да се избегне нивно пролонгирање.
„УСС веќе има континуирана комуникација со Комисијата за студентски стандард во МОН чија задача е да се занимава токму со ваква проблематика. Убава комуникација имаме и со студентските домови во Скопје, како и советот на станари во ‘Пелагонија’. Поттикнуваме и поддржуваме соработка на станарите со управите на домовите“, информира тој.
Воедно, заменик претседателот додава дека жалат што и покрај сите нивни напори во „Гоце“, „Стив“ и „Сениќ“ не се формирале совети на станари. Но, тие ќе работат и се надеваат дека ќе ги поттикнат студентите во претстојната академска година да се пријават на огласите и да придонесат од позиција која го налага тоа, тврди Ристоски.
Какви се вкупните капацитети на студентските домови во Скопје?
Во Скопје има вкупно пет студентски домови. Вкупниот капацитет од трите згради и новите бараки на „Стив“ е 1.359 што го прави овој студентски дом најголем.
Веднаш по него е „Гоце“ кој располага со 1.216 места, па „Пелагонија“ со 997 легла.
Доколку ги погледнеме капацитети на студентскиот дом „Сениќ“ чиј број во 2018 година, според тогашните податоци од МОН, изнесувал 577, би требало да го категоризираме како четврти по големина. Но, според овогодинешниот конкурс на МОН „Сениќ“ располага со 370 легла, со што има најмал капацитет. По него, се наоѓа „Кузман“ со 490 места за студенти.
„Еден дел од ‘Сениќ’ не е достапен за студентите поради условите во кои се наоѓа и информираме дека и овој студентски дом во следниот период ќе биде реконструиран“, тврдат од МОН.
Ако сите студентски домови во Скопје би работеле со полн капацитет во нив би имало легла за 4.639 студенти. Но, ова не е случај веќе оддамна поради лошата состојба во која се наоѓаат домовите и за која Радио МОФ со години пишува.
Во изминатите години имаше бројни најави за реконструкција на студентските домови.
Најпрвин започнаа етапните реновирања на четирите блока (А, Б, В и Г) на „Гоце“. Прв реновиран блок беше „Б“ во 2015 година, наредната година започна реконструкцијата на „А“ која беше предвидено да трае 6 месеци, но заврши во 2017 година, по точно 12 месеци. Истата година започна и реновирањето на блоковите „В“ и „Г“, заврши во 2019 година, но тие се пуштија во функција дури во 2020 година поради ненавремена набавка на мебел.
Исто така, во 2019 година беше донесена одлука да се реновира првата зграда на „Стив“ која имаше капацитет од 264 легла, откако во неколку наврати се случи на студентите да им прокисне кровот, па дури и да им падне плафонот над глава.
Таа година беа примени само 356 студенти во втората зграда.
Веќе наредната академска година на списокот на МОН во функција останаа само третата зграда и новите бараки. Со реконструкција не се започна ниту на една од овие згради на „Стив“.
Центарскиот студентски дом „Кузман“ се заклучи во 2022 година со образложение дека ќе се реновира, па неговите врати долго беа затворени за студентите, ама и за градежните работници.
Најавуваната реконструкција започна дури годинава. Од годинава се затворени и другите две згради на „Стив“ и се најави дека ќе се започне со работа на целиот дом.
Исто така, според најавата, се очекува реконструкција и на „Сениќ“ со кој повторно во функција би биле ставени 207 легла, кои седат под клуч од 2021 година.
Ангела Петкова
-
“Lufta” për një krevat studenti në Shkup është edhe më e madhe këtë vit
Maturantët të cilët vendosën të studiojnë në Maqedoni, kryesisht regjistrohen në Universitetin “Shën Cirili dhe Metodi” (UCM) në Shkup. Që akomodimin ta paguaj tre herë më pak dhe të jetojnë në kushte dinjitoze, pjesa më e madhe e studentëve nga qytetet tjera përgjithësisht duan të akomodohen në konviktin e vetëm studentor të rikonstruar “Gode Dellçev”. Por, këtë vit akomodimi edhe në konviktet e tjera studentore në Shkup, do të jetë më i vështirë për një pjesë të caktuar të studentëve, për shkak të kapaciteteve të reduktura, për shkak se një pjesë e tyre po rikontruohen.
Në dy vitet e ardhshme akademike do të zgjas rikonstruimi i “Kuzman Josifovski – Pitu” i cili është mbyllur nga viti 2022 dhe në të cilin punimet filluan vetëm në maj të këtij viti. Në dy vutet e ardhshme do të rikonstruohet edhe “Stiv Naumov” i cili u mbyll së fundmi. Gjithashtu, në vitet e fundit janë “mbyllur” edhe 207 krevate në “Tome Stefanovski – Seniq”.
Në këtë mënyrë, këtë vit studentët kanë në dispozicion 2.583 krevate. Nëse konviktet studentore të shtetit do të punonin me kapacitet të plootë, ato do të mund të akomodojnë 4.639 studentë.
Nga krevatet e lira, 492 janë për studentët e vitit të parë, ndërsa 2.091 për studentë të vitit të dytë, të tretë, të katërt dhe të pesetë.
Edhe pse nuk dihet se sa do të jetë kërkesa për krevat këtë vit në Shkup, sipas të dhënave që kemi marrë nga MASH, vitin e kaluar ajo ka qenë 3.153. Më saktësisht, në konkursin e MASH-it për konvikte studentore në Shkup kanë aplikuar 787 studentë të vitit të parë dhe 2.366 studentë të viteve më të larta.
Situata me konviktet studentore deri më tani është reflektuar në jetën studentore dhe standardin, por këtë vit do të ndihet dyfish, e ndoshta edhe trefish, thotë studentja e Fakultetit Ekonomik në Shkup dhe anëtare e Organizatës për Dialog dhe Afirmim të Nxënësve të shkollave të mesme dhe Studentëve (ODANS) Vasilia Vasileva.
“Jemi të vetëdijshëm se procesi i rikonstruimit të dy konvikteve do të jetë shumë i gjatë, si dhe që janë rritur dhe do të rriten edhe më tej çmimet e qirave në Shkup”, vlerëson Vasileva.
Sipas saj, numri i krevatëve të lirë këtë vit është me të vërtetë i vogël.
“Jam e sigurt se ka familje të cilët nuk do të kenë mundësi ta regjistrojnë fëmijën e tyre në fakultet, vetëm për shkak të mospasjes së kushteve për jetë ekonomike studentore. Edhe pse janë në përqindje të vogël, megjithatë ka”, thotë studentja.
Vitin e kaluar ka pasur 467 krevat më shumë për studentët, deri në vitin akademik 2021/2022 kanë punuar të gjithë konviktet studentore, përpos ndërtesa e parë dhe e dytë e “Stivit” dhe vendet e reduktuara në “Seniq”, kapaciteti ishte më i madh për 1.229 studentë.
“Jemi dëshmitare të faktit se një numër i madh i studentëve janë pranuar në konvikte studentore sipas mënyrës “duke gjetur lidhje”. Vlerësoj se duhet të behët një rregullativ e re e procesit selektues dhe t’i jepet përparësi studentëve që vijnë nga grupi i familjeve të rrezikuara, më pas të studentëve të cilët kanë mesatare të lartë dhe me të vërtetë e kanë merituar me dëshirën për studim dhe përmirësim”, thekson ajo.
Në lidhje me këtë nga MASH thonë se, aplikimi elektronik e eliminon ndikimin e faktorit njeri gjatë rangimit të aplikimeve të dorëzuara.
Parlamenti Universitar Studentor (PUS) në UCM në nëntor të vitit të kaluar u takua me ish ministrin e Arsimit dhe Shkencës, Jeton Shaqirin dhe mes tjerash, kërkoi edhe të formohet komision i studentëve që do të monitorojnë gjithë procesin e zgjedhjes së studentëve në konviktet studentore dhe që do ta verifikojë besueshmërin e zgjedhjes.
Studentët do të propozoheshin nga parlamentet studentore në seancë interuniversitare. Kërkesa nuk u plotësua.
Zëvendëskryetari i PUS-UCM, Aleksandar Ristoski vlerëson se, rikonstruimi shumë i gjatë i dy konvikteve studentore do të shkaktohë “luftë” mes studentëve gjatë konkurimit për vend në konviktet e tjera studentore.
“Një rikonstruksion i tillë shumë i gjatë do të refleketohet më së shumti te studentët që vijnë nga kategoritë e rrezikuara sociale, të cilët nëse nuk pranohen në një nga konviktet studentore, do të detyrohen të kërkojnë zgjidhje alternative për akomodimin dhe ushqimin që kushtojnë disa herë më shumë se çmimi që do të paguanin nëse akomodohen në konvikt studentor”, shpjegon Ristoski.
Ministria e Arsimit dhe Kulturës prej vitesh ka praktikë që studentëve që do të bëjnë ankesë pasi të vendosen në listën e pritjes, nuk do të pranohen ose nuk do të jenë në asnjë nga listat, t’u ofrojë akomodim në një konvikt të paplotësuar të nxënësve.
“Vitin e kaluar aplikova për konvikt studentor, por u vendosa në listën e pritjes, me çka dorëzova aneksë. Më akomoduan në internatin “Zdravko Cvetkovski – GUC” ku kushtet ishin në rregull, ndoshta deri diku më të mira se sa në konviktet e parikonstruuara studentore. Aty u akomoduan shumë studentë, ne mesin e të cilëve edhe absolventë”, tha Vasileva.
Ajo tha se, njëra nga cimeret e saja ka qenë absolvente, ndaj pavarësisht se sipas ligjit i takon dhoma e absolventëve në një konvikt studentësh, ajo jetonte në një konvikt me nxënës të shkollave të mesme.
“I thanë se do ta njoftojnë nëse lirohet ndonjë dhomë gjatë vitit që të zhvendoset, por jam dëshmitare se ajo nuk ndodhi në asnjë moment gjatë gjtihë vitit”, është decide studentja.
Si është standardi studentor?
Studentët që nuk janë nga Shkupi i kanë shpenzimet fillestare elementare për udhëtim dhe vetëm më pas vijnë qiratë e konvikteve apo banesave studentore dhe faturat, ushqimi, sigurisht edhe shkollimi dhe tekstet shkollore, shpjegon Vasileva.
“Pagesa prej 1200 denarë për shpenzimet e udhëtimit që kemi marrë këtë vit ka qenë masë e krizës dhe nuk do të vazhdojë nga tetori. Prandaj duhet rregulluar që çdo student të ketë zbritje në bileta ose nëse është e mundur të përfshijë sërish të njëjtën pagesë”, propozon ajo.
Përveç kësaj, kur ndodh dëmtimi në ndonjë konvikt studentor ose internta, ajo vlerëson se ai duhet të riparohet menjëherë.
“Pritet që të akumulohet dhe në fund arrihet dëmi i pariparueshëm me të cilin humben të gjitha kushtet e jetesës”, shton Vasileva.
Ndryshe, çmimi i banesave në Shkup të cilët i gjejnë studentët lëvizin prej më së paku 200 deri në më së shumti 350 euro.
Ato më shpesh qëndrojnë në banesë më të vogël me një cimer apo në banesë më të madhe me më shumë cimerë. E ndajnë qiranë, por edhe faturat që janë prej rreth 50 deri në 100 euro. Këto studentë kanë më së paku harxhime tre herë më të mëdha për akomodim se sa ato në konvikte.
Nga MASH thonë se, edhe në kushte të deficitit buxhetor prej 5 miliardë denarë, ata do të gjejnë mënyrë për të ruajtur standardin studentor dhe për t’i paguar të gjitha të drejtat që u takojnë studentëve, përkatësisht racionin e subvencionuar të studentëve.
“Nga viti i ardhshëm kalendarik parashohim rritje në etapa të buxhetit të përgjithshëm për arsim dhe shkencë, që nënkupton edhe mundësi për avancimin e standardit studentor”, theksojnë nga aty.
Për të lehtësuar jetën studentore në vitet e ardhshme, Ristoski nga PUS thekson se është i nevojshëm digjitalizimi dhe modernizimi i institucioneve të arsimit të lartë. Gjithashtu, thekson ai, duhet të krijohet një mekanizëm efikas për të siguruar një racion studentor që jo vetëm do të jetë rregullisht i disponueshëm, por edhe i shëndetshëm.
“Më tej duhet të rritet zgjedhja e ushqimit në mensat e studentëve të universiteteve si dhe në konvikte. Gjithashtu, është e nevojshme që konviktet studentore të mirëmbahen rregullisht pas renovimit të tyre për të siguruar kushte adekuate të jetesës për studentët dhe për të rritur sigurinë e tyre”, tregon Ristoski për problemet dhe zgjidhjet.
Ai thotë se presin bashkëpunim të mirë dhe informim të rregullt nga Ministria e Arsimit se si po ecën renovimi i konvikteve studentore. E nëse kjo nuk ndodh, Ristoski thekson se tashmë kanë vendosur kontakte dhe mekanizma për t’u informuar për ecurinë e projekteve, për të shmangur prolongimin e tyre.
“PUS tashmë ka komunikim të vazhdueshëm me Komisionin për Standardin e Studentëve në MASH, detyra e të cilit është të merret me këtë lloj problemi. Kemi komunikim të mirë edhe me konviktet e studentëve në Shkup, si dhe me këshillin e banuesve në Pellagoni. Inkurajojmë dhe mbështesim bashkëpunimin e banuesve me administratat e konvikteve”, informon ai.
Po ashtu, nënkryetari shton se u vjen keq që me gjithë përpjekjet e tyre në “Goce”, “Stiv” dhe “Seniq” këshillat e banuesve nuk u formuan. Por ata do të punojnë dhe shpresojnë të inkurajojnë studentët në vitin e ardhshëm akademik që të aplikojnë për konkurse dhe të kontribuojnë nga një pozicion që e kërkon, pohon Ristoski.
Sa janë kapacitetet totale të konvikteve studentore në Shkup?
Në Shkup janë gjithsej pesë konvikte studentore. Kapaciteti i përgjithshëm i tre ndërtesave dhe barakave të reja të “Stivit” është 1,359, duke e bërë këtë konviktin më të madh.
Menjëherë pas tij është “Goce” me 1.216 shtretër dhe “Pelagonia” me 997 shtretër.
Nëse shikojmë kapacitetet e konviktit të studentëve “Seniq”, numri i të cilit në vitin 2018, sipas të dhënave të atëhershme të MASH-it, ishte 577, duhet ta kategorizojmë si të katërtin për nga madhësia. Megjithatë, sipas konkursit të MASH-it të këtij viti, “Seniq” ka 370 shtretër, që do të thotë se ka kapacitetin më të ulët. Pas tij është “Kuzman” me 490 vende për studentë.
Një pjesë e ‘Seniq’ nuk është në dispozicion për studentët për shkak të kushteve në të cilat ndodhet dhe ju njoftojmë se edhe ky konvikt studentor do të rikonstruktohet në periudhën e ardhshme”, pohon MASh.
Nëse të gjitha konviktet e studentëve në Shkup do të punonin me kapacitet të plotë, do të kishin shtretër për 4.639 studentë. Por ka kohë që nuk është kështu për shkak të gjendjes së keqe në të cilën ndodhen konviktet dhe për të cilën Radio MOF shkruan prej vitesh.
Në vitet e kaluara ka pasur njoftime të shumta për rikonstruksionin e konvikteve studentore.
Fillimisht nisën rinovimet me faza të katër blloqeve (A, B, C dhe G) të “Goces”. Blloku i parë i rinovuar ishte “B” në vitin 2015, vitin pasardhës filloi rikonstruksioni i bllokut “A”, i cili ishte paraparë të zgjaste 6 muaj, por përfundoi në vitin 2017, pas saktësisht 12 muajsh. Në të njëjtin vit filloi edhe rinovimi i blloqeve “B” dhe “G”, përfundoi në vitin 2019, por ato u vunë në funksion vetëm në vitin 2020 për shkak të prokurimit të parakohshëm të mobiljeve.
Gjithashtu, në vitin 2019 është marrë vendimi për rinovimin e objektit të parë të “Stiv”-it i cili ka pasur një kapacitet prej 264 krevate, pasi disa herë u ka ndodhur që studentëve t’u rrjedhë çatia, madje edhe t’u bjerë mbi kokë.
Vetëm 356 studentë u pranuan në ndërtesën e dytë atë vit.
Në vitin e ardhshëm akademik, në listën e MASH-it mbetën në funksion vetëm ndërtesa e tretë dhe baraka e re. Rindërtimi nuk ka filluar në asnjë nga këto ndërtesatë “Stiv”-it.
Konvikti qendror i studentëve “Kuzman” u mbyll në vitin 2022 me arsyetimin se do të rinovohej, kështu që dyert e tij u mbyllën për studentët por edhe punëtorët e ndërtimit për një kohë të gjatë.
Rindërtimi i paralajmëruar filloi vetëm këtë vit. Që nga ky vit janë mbyllur edhe dy ndërtesat e tjera të “Stiv-it” dhe është bërë e ditur se do të fillojë puna në të gjithë konviktin.
Gjithashtu, sipas njoftimit, pritet rikonstruksion edhe në “Seniq”, i cili do të rikthejë në funksion 207 krevat, të cilët kanë qenë nën kyç nga viti 2021.
Angela Petkova