Мета платформите ќе лансираат нова алатка наречена „ВИ Студио“ (AI Studio) која ќе им овозможи на корисниците да креираат, споделуваат и персонализираат карактери со вештачка интелигенција и да ги користат „како продолжение на себе“, пренесува Ал Џазира Балканс.
Студиото ќе им дозволи на креаторите на Инстаграм и нивните корисници да ја користат оваа услуга, која може да одговори на вообичаените прашања во пораките.
Исто така, корисниците можат да ги споделат своите ликови со вештачка интелигенција на различните платформи за социјално вмрежување на Мета.
Новата алатка е изградена со „Llama 3.1“ на Мета, најголемата верзија на нејзините претежно бесплатни модели со вештачка интелигенција објавена минатата недела, која е достапна на повеќе јазици и има метрика на перформанси што им се спротивставува на ривалите како OpenAI.