Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, a без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците, најави премиерот Христијан Мицкоски.
На владината седница била задолжена министерката за образование и наука, заедно со телото да излезат на терен и да направат анализа на сите државни и приватни универзитети и факултети.
„Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат ќе бидат затворени“, истакна претседателот на Владата Мицкоски, додавајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување на ред во установите.
Тој е дециден дека високо образовните установи во државата кои што имаат недостатоци ќе имаат разумен рок истите да ги отстранат, додавајќи дека доколку не ги отстранат недостатоците ќе останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа.