„Ретроспектива“ е насловена изложбата на ликовниот уметник Даме Зауровски која вечерва од 20:30 часот ќе се отвори во Центарот за култура во Струга.
Затуровски пред публиката ќе се претстави со своето декади долго и плодно творештво со околу седумдесетина дела изработени во пастел и неколку други техники.
„ Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга“, се посочува во најавата за изложбата.
Даме Затуровски е член на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1993 година. Дипломиран правник. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.
Изложбата ќе е отворено и во текот на следната недела од 19 часот.