ЦУК: Вкупно 40 пожари на отворено во последните 24 часа – девет сè уште се активни

Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти претпладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и крак кон Јасен, потоа кај селата Зелениград и Јамиште, кај селото Долно Барбарево и помеѓу селата Пласница и Латово.

Пожар има и на Илинска планина, потоа кај селата Смесница, Страхојадица и Градовци, како и кај селата Косел, Волино и Опеница. Активни пожари има и кај селата Вртеќица, како и кај селото Бадилен.

Под контрола пак, ставени се пожарите кај селото Негрево, потоа кај селото Пресека, кај селото Татомир, како и кај селото Грешница и селото Патетино.