Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

[Видео] Кризите низ објективот на акциските фотографи на ЦУК

Каде што има пожари, поплави и земјотреси, таму се и акциските фотографи на Центарот за управување со кризи. Еден од нив е и Борјан Михајловски кој е ангажиран како надворешен фото и видео соработник за екстремна фотографија.

Што носи самата акциска фотографија, со какви предизвици се соочуваат и како е да се фотографира за време на кризи, погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ.

[Видео] Кризите низ објективот на акциските фотографи на ЦУК

Црвен крст отвори телефонски линии за прва психолошка помош и сметки за донации за настраданите од пожарите

Црвениот крст на Македонија отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП) за настраданото население од пожарите, која ќе ја обезбедуваат оспособени волонтери на организацијата.

Исто така, организацијата отвори сметки за настраданите и последиците од пожарите и ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и граѓани да донираат парична помош.

Црвен крст отвори телефонски линии за прва психолошка помош и сметки за донации за настраданите од пожарите

УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70% од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во превенција, заштита, прогон на сторителите и склучување партнерства за да се стави крај на трговијата со деца, по повод Светскиот ден на борбата против трговијата со луѓе.

„Ниедно дете да не се изостави во борбата против трговијата со луѓе“ е овогодинешната порака на глобалната заедница УНИЦЕФ за Светскиот ден на борбата против трговијата со луѓе.

УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70% од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

Започнува процесот за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го означи официјалниот почеток на работата на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност за периодот 2024-2028 година.

Сајбер безбедноста е клучен аспект на националната безбедност и стабилност во ерата на рапидна дигитализација, рече Андоновски.

Започнува процесот за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност

Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата

Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата, за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (духовна поезија).

Ќулавкова по вторпат го добива ова највисоко признание на фестивалот, откако во 1989 година ја доби наградата за стихозбирката „Жедби“.

Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата