МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Либан, како и да ги одложат патувањата кон Израел

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во државата, да ја напуштат во првата можна прилика.

Дополнително, тие апелираа до граѓаните да ги одложат и патувањата кои не се неопходни кон Израел, имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток.

„Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел“, соопштија од МНР.

Од МНР истакнаа дека за повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Подетални информации околу актуелните состојби во Израел можат да се најдат на следниов ЛИНК, кој се отвора само преку серверите на територијата на Израел.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најави дека ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира македонските државјани за евентуални насоки за постапување.