Од вкупно 42 пожари во изминатиот ден, 5 сè уште се активни

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 4 се под контрола и 33 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и кракот кон Јасен, потоа на Илинска планина кај селото Базерник и помеѓу Косел, Расино, Опеница и Валина на 4 точки.

Дополнително, пожар има и кај местото викано Погана кон ветерниот парк Богданци и помеѓу селата Зелениград и Јамиште.

Четирите пожари ставени под контрола се кај селото Пресека, потоа кај селото Патетино, помеѓу селата Пласница и Латово и кај селото Дулица.