Деветмина вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) веројатно учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, соопштија од Обединетите нации (ОН).
„За девет лица се собрани доволно докази кои укажуваат на нивна можна вмешаност во нападите на 7 октомври“, изјави заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак.
Како што пишува „Ал Џезира“, сите вмешани во нападот се мажи.
Според Хак секое учество во нападите е големо предавство на природата на работата што ја прави УНРВА во име на палестинскиот народ.