Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) предупреди на ширење на хепатитис низ Појасот Газа по израелските напади врз енклавата, пишува „Анадолу“
Оттаму додаваат дека од почетокот на војната во Газа регистрирани се речиси 40.000 случаи на хепатитис.
„Од 800 до 1.000 нови случаи на хепатитис се пријавуваат неделно од здравствените центри и засолништата на УНРВА низ Газа. Очајните санитарни услови го олеснуваат ширењето на болестите, вклучително и хепатитис А“, велат од УНРВА.
Инаку војната во Појасот Газа почна на 7 октомври минатата година. Повеќе од 9 месеци поголемиот дел од Газа е урнат а ситуацијата дополнително се влошува поради недостигот на храна, чиста вода и лекови.